Пљукање у СЈО - Фатиме ја ркнала Катица преку камера!
  Објавено на
share

 ФАТИМЕ ЈА ПЛУКНАЛА КАТИЦА ПРЕКУ КАМЕРА  

Специјалната обвинителка Катица Јанева дала наредба да се претресува секој вработен, при секој влез и излез во зградата на СЈО. - Катица Јанева и Фатиме Фетаи на прес-конференција на СЈО (архивска фотографија)  

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи по наредба на Специјалната обвинителка Катица Јанева била два пати денеска претресувана при влез на своето работно место во СЈО. Кога полицаецот на влезната врата и објаснил дека има наредба од Јанева да го претресе секој вработен, при секој негов влез во зградата на СЈО, Фетаи, велат очевидци на настанот, се шокирала и реагирала многу бурно. 

„По вториот претрес, обвинителката Фетаи првин луто гледаше во безбедносната камера, која е поврзана со канцеларијата на шефицата Јанева. Беше многу навредена. Потоа ја плукна камерата и рече: ’Пу, јаз’к!‘“, тврдат за САКАМДАКАЖАМ.МК очевидци на настанот.

Фетаи потоа се стрчала горе во нејзината канцеларија да бара објаснување зошто Јанева ги понижува обвинителите и вработените во СЈО на ваков начин. Но, не ја нашла. По извесно време пак отишла кај неа, но наишла на затворена врата. Секретарката не ја пуштила внатре.

Тензијата меѓу Јанева и нејзините помошници – обвинители трае уште од понеделникот, велат извори во СЈО. Според нив, Јанева кога се вратила од одмор ги викнала на колегиум обвинителите кои во тој момент биле на работа, оти друга група е на годишен одмор. Не им дала одговор на бројните дилеми околу нејзината поврзаност со „Рекет“ и со притворениот Бојан Јовановски. Според присутни лица на мини-колегиумот тоа утро, 

Јанева им кажала дека сите контакти со Јовановски биле за доброто на институцијата. Побарала од нив и ги советувала дека треба да застанат на нејзина страна, „за доброто на институцијата“, оти ако потоне таа, ќе потонат и тие со неа.

 

 

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани