Соопштение од зоолошка - "Не, не може да се сликате до тигарот во костим за капење" ... а зошто да не?!?!
  Објавено на
share

Се огласи раководоството на зоолошката градина во вреска со некои за нив, небулозни барања од посетителите

До сите новопечени инфлуенсерки и wannabe блогерки:

– Не, не може да јавате слонче

– Не, не може да се сликате легнати до тигарот во тигреста купаќа

– Не, не може да го држите Коко за рака и као демек шетате

– Не, не може да ги пуштиме лемурите надвор од живеалиште, за луѓето да мислат дека сте на Мадагаскар

– Не, не може да ја гушнете жирафата со две раце као демек ептен ве сака и сте BFF

– Не, не може папагалот за на стори да ви каже ја сакам Разменка во поштенско сандаче

– Не, не може да позирате со лавот и да пишете King and Queen – наведува Мицковска.

Наместо да ви текнуваат вакви будалаштии, дојдете фатете се за лопата и чистете им го изметот, повеќе лајкови ќе соберете, исто така им порача таа. 

нашата реакција е следна

Зошто забранувате? Зошто не? Зошто им браните на луѓето, нека се сликаат у купачи кај лавот, тигарот, крокодилите, дајте им колку сакаат!!!


Наши предлози до зоолошка ... 

-Ќе заштедите огромни пари за храна.
-Инфлуенсерите ќе имаат најдобра последна фотографија
-Ние ќе се подослободиме од дебили
-Дарвин ќе одобри за да несе размножуваат празноглавци.

Сите добиваме со тоа што ќе ги отворите кафезите за оние кои инсистираат.

Да живее природната селекција !!!

 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани