Убија дете ... повторно
  Објавено на
share

 Седумнаесетгодишниот Х.Н. починал од убодна рана која му ја задал познаник во Паркот на музиката во скопската населба Ново Лисиче. 

 
Трагичниот настан се одиграл ноќта, 35 минути по полноќ. На инцидентот му претходела расправија меѓу неколку момчиња со 18-годишниот К.А. кој бил во друштво 17-годишниот Д.К.. Во еден момент Т.А. извадил нож и му нанел неколку повреди на Х.Н. 

Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош и било пренесено во Клиничкиот центар, но поради обилното крвавење починало.

Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па o7; бил предаден на полициска патрола, според очевидци на настанот.

Според Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен во 00,35 часот во СВР Скопје кога било пријавено дека на улицата „Февруарски поход“ започнале расправија од страна на неколку лица со А.Т. кој бил во друштво со К.Д. , која продолжила и со физичка пресметка. Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. .

Н.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал, а А.Т. бил пронајден и приведен во полициска станица.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани