„Мајкрософт“, „Епл“, „Амазон“, „Алфабет“ и „Фејсбук“ во еден ден заедно изгубија 162 милијарди долари
  Објавено на
share

 

Додека ние се давиме во тредичи и кај нас Shit Hit The Fan, во светот фантов Fan Is About To Hit The Shit

 

„Мајкрософт“, „Епл“, „Амазон“, „Алфабет“ и „Фејсбук“ во еден ден заедно изгубија 162 милијарди долари

 

Водечките американски технолошки компании изгубија 162 милијарди долари при вчерашното тргување на Волстрит, при што најголема загуба забележа „Епл“.

Тоа е најдраматичен пад на американските индекси во 2019 година. „Мајкрософт“, „Епл“, „Амазон“, „Алфабет“ и „Фејсбук“ петте највредни американски компании заедно изгубија 162 милијарди долари, што покрена поголема криза на берзата, предизвикана, помеѓу другото поради загриженоста од трговска војна помеѓу САД и Кина.

Спомнатите компании во петокот загубија 66 милијарди долари од пазарната вредност.

Најголем пад на вредноста на акциите забележа „Епл“ до 5,2 отсто.

Компаниите уште изминатиот петок изгубиле 66 милијарди долари од пазарната вредност, а синоќешниот пад и нивната дневна загуба зголемена е на 228 милијарди долари.

Компанијата Епл во јуни го информираше американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер дека најновите предложени тарифи на САД на кинеските продукти ќе ги погодат „сите главни производи на Епл“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата недела најави дека од 1 септември воведува царина од 10 отсто на 300 милијарди долари вредниот кинески увоз, со што оневозможи двете земји да постигнат договор околу условите на потенцијален трговски договор.

И така, знаеме дека многу уво не ви чуе, пошто ние сме до гуша у нашшиот pile of shit ама нема да биде сеирџиски. Додуша, Трамп секогаш, па и кога бил најтврд, бил практичен, само што досега не очкуваше ваков инат да ги фати кинезиве да не попуштаат. 


 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани