ИЗБОРНИ МОДЕЛИ КАКО ЛИЖАЛЧЕ - Точно е дека пропорционален модел со една изборна единица во цела Македонија (каков што предлага СДСМ) ќе ги зголеми шансите на малите партии да влезат во парламентот.
Автор: Петар Котевски   Објавено на
share

 ИЗБОРНИ МОДЕЛИ КАКО ЛИЖАЛЧЕ

Пошто сега Солза и Палчо ќе трујат за изборниот модел, како морало да се фатиш со ѓаолот на оро за да воведеш „пропорционален модел со една изборна единица и отворени листи“, еве што имав да кажам уште 2015 година на темава, и ништо не е променето до денес - освен што на листата човек-партии може да се додадат Солза и Палчо.

„Малку за изборните модели:

Точно е дека пропорционален модел со една изборна единица во цела Македонија (каков што предлага СДСМ) ќе ги зголеми шансите на малите партии да влезат во парламентот. Но самото тоа што некоја партија ќе влезе во парламентот, не кажува ништо за квалитетот на пратеникот (а богами ни партијата). Мислам дека тоа е клучниот момент. Во суштина, овој модел ќе овозможи во парламентот да влезе лидерот на малата партија (кој ќе се истопори на прво место на листата) и така да имаме слободни стрелци кои ќе продаваат дневно-политички услуги според насоката на ветерот секој ден. Примери за ова се човек-партии како ДОМ, на Павле Трајанов партијата, не знам - Тодор Петров од оваа страна, можеби и враќање на Љубчо на голема врата, Стојанче Ангелов или некој ептем нафталин како Владимир Голубовски (ВМРО ДП ениуан?)

Мнозинскиот модел, од друга страна, не ја намалува шансата на малите партии да влезат во парламентот - се разбира, доколку тие понудат квалитетен кандидат. Тука квалитетниот кандидат ќе биде пресуден, без разлика на која партија му припаѓа. Мнозинскиот модел отвора можност независни пратеници (луѓе од углед во изборната единица) да имаат шанса да се спротивстават на партиските организации на локално ниво - чисто според силата на нивниот углед. Не се точни „експертските проценки“ дека мнозинскиот модел фаворизира двопартиски систем - нема нешто подалеку од вистината. Мнозинскиот систем промовира грижа за локалните проблеми на секоја поединечна единица, бидејќи легитимитетот кандидатот го добива директно од народот, а не од партискиот врв.

За патката наречена отворени пропорционални листи не сакам ни да зборувам. Тоа е најперфидниот начин да се предложи нешто што реално нема да има никаков ефект. Бидејќи избирачот може да гласа за повеќе кандидати, се осигурува реизбор на партиските врхушки, кои ќе ги инструираат барем сопствените членови да гласаат прво за Грујо или Зајко, па потоа и за некој друг ако сакаат. Значи ако промената што ќе настане по преговорите се сведе на отворени листи - да се плукнам на промената.

А најновиот предлог на Грујо за бонус од 17 пратеници го гледам како продолжување на неговата политика на бркање работа без да се замара со коалицирање. Тоа во суштина е лош став, и генерално не треба да се охрабрува. Политиката е уметноста на компромисот - ако тоа не ти се допаѓа зафати се со спорт. Бокс беше, така ? “




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани