Судот го ослободи Латас
  Објавено на
share

Судот го ослободи Латас

 
Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ кои беа обвинети за бесправно градење викендички во Зелениково во предметот „Тревник“ на СЈО.
 
Судијката Марија Клетничка Марковска рече дека делото за кое тројцата се обвинети не е кривично дело според законот. Градежните инспектори по службена должност можеле да ја спречат изградбата, а ако проценат дека не е испочитуван Законот за градење можеле да изречат прекршочни глоби или да поднесат кривична пријава за бесправно градење.
 
Кај Латас таква процедура немало, а обвинетите ја легализирале дивоградбата, ги добиле потребните документи, како и одобрението за градење кое не било оспорено.
 
Трошоците за судската постапка ќе ги плати државата.
 
Првото рочиште за „Тревник“,  се одржа на 14 март 2018 година. Специјалното јавно обвинителство ги обвини браќата Павловиќ за бесправна градба на три викендички во Зелениково.
 
Според обвинението, во временскиот период од јули 2011 година до јануари 2013 година во општина Зелениково, спротивно на Законот за градење, обвинетите граделе без одобрение од надлежен орган, на земјиште кое е во нивна сопственост.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани