Макрон НЕ за проширување на ЕУ
  Објавено на
share

„МНОГУ ЛОШ ИМИЏ НА ЕУ“
 

Макрон: Ние 28 не можеме да се договориме, одбивам секакво проширување (ВИДЕО)

 
Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше отсуството на договор во рамки на ЕУ за распределба на водечките функции во Унијата и повторно повика на институционална реформа на Европската Унија.
 

„Мораме да ги поедноставиме процедурите за да на побрз, посилен и подемократски начин заедно да напредуваме. Во таа смисла скептичен сум околу приказните за тоа дека иднината на ЕУ е во ново проширување, а во ситуација кога гледаме дека ние 28 не можеме да се договориме. Одбивам секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ“, порача Макрон.

Тој по маратонските разговори на вонредниот самит за именувањата за врвните позиции во ЕУ изјави дека неможноста за договор меѓу 28-те ЕУ членки го доведува во прашање кредибилитетот на Унијата и создава имиџ на Европа како несериозна.

„Никој не може да биде задоволен од она што е резултат на многуте часови разговори. Поделбите се од политичка приорда, меѓу Европската народна партија, но и географски во самиот Совет“, забележа францускиот претседател, кој очекува утрешната средба да ги донесе придвижувањата неопходни да се дојде до договор.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани