Пуштен во употреба автопатот Миладиновци - Штип, до крајот на годинава возачите ќе се возат бесплатно
  Објавено на
share

 

Пуштен во употреба автопатот Миладиновци - Штип, до крајот на годинава возачите ќе се возат бесплатно

По неколку месечно одложување, неизвесност и без свечено отварање новиот автопат Миладиновци – Штип, прв во источниот дел на државата, од денеска конечно е пуштен во употреба.

Долгоочекуваниот автопат Миладиновци – Штип од утрово без препреки. Возачите конечно можат да возат по автопатот долг 47 километри и тоа во двата правци. Со ширина од 27м автопатот располага со две ленти за возење и една за застанување и тоа во двата правци. Преку овој автопат од главниот град до Штип ќе може да се стигне за возење од само 30 минути.

Без никаква свеченост и сечење ленти автопатот беше пуштен. Надлежните велат дека поважно било да понудат безбеден автопат отколку да организираат свечености.

Делницата почнува после клучката Миладиновци која има 9 крака, долга е 1,5 километри и се спојува со Коридорите 8 и 10. По автопатот има 7 клучки. Последната е „Три чешми“ каде е предвидено спојување со експресниот пат кој е во изградба Штип – Кочани.

Светлосната и звучна сигнализација е целосно поставена. Долж автопатот има челична одбојна ограда, поставени се знаците, како и мрежа за заштита од животни, звучни бариери, службени премини.

До Нова Година возачите ќе го возат бесплатно додека се изградат двете предвидени патарини. Една патарина на потегот Миладиновци –Свети Николе и уште една на потегот Свети Николе – Штип, за што се посочува и почитување на сигнализацијата.. Тендерот за нив ќе биде објавен за 10тина дена. Патарината кај Кадрифаково ќе чини 50 денари, додека кај Преод 70 денари. Директор на државни патишта Зоран Китанов најавува и други новини.

Патарината кај Гевгелија која треба да биде готова за една недела ќе чини 100 денари. Моторџиите пак, на сите патарини ќе плаќаат поефтини цени за 20 денари.

Патувањето од Табановце до Богородица ќе не чини вкупно 340 денари, додека за од Скопје да стигнат до Богородица возачите ќе платат 280 денари.

 Иградбата на Автопатот Миладиновци Штип започна во 2014тата година и требаше да биде готов во март 2017тата. Но, тогаш тој беше завршен само 50%. По потпишување на нов анекс со Синохидро - изградбата конечно заврши во декември лани, а потоа се изведуваа и дополнителни зафати од страна.

Автопатот финално  ќе чини 177 милиони евра, или 3,8 милиони евра за километар.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани