Одлична вест: Самсоненко останува, Вардар ќе биде спасен и пак ќе има мултимилионски буџет
  Објавено на
share

 

Одлична вест: Самсоненко останува, Вардар ќе биде спасен и пак ќе има мултимилионски буџет

  Одлична вест: Самсоненко останува, Вардар ќе биде спасен и пак ќе има мултимилионски буџет

Ракометниот клуб Вардар и понатаму ќе стои на здрави нозе, затоа што договорена е соработка на повеќе компании и бизнисмени, кои во иднина ќе бидат дел од македонскиот ракометен бренд кој беше европски првак.

Сергеј Самсоненко најави заминување од „црвено-црниот“ табор ако не добие финансиска помош од македонските бизнисмени, а по новиот успех на Вардар и притисокот од нацијата за спас на клубот, во целата акција се вклучија домашните моќници.

Според информациите до кои дојдовме, Сергеј Самсоненко според најавите ќе остане мнозински сопственик на РК Вардар и ќе продолжи да биде како инвеститор во тимот. Прв човек ќе биде Михајло Михајловски, а во финансирањето, Русинот ќе има голема помош од домашни компании, кои веќе го потврдија своето учество во клубот.

Околу креирањето на финансиската конструкција, се чека одговор на уште една голема компанија, чие име засега не се открива, а треба да даде „инјекција“ од нешто околу еден милион евра.

Веќе е договорен состанок на сите страни, на кој, наводно, на играчите ќе им биде соопштено дека нема да треба да бараат нови клубови и дека и во наредната сезона тимот ќе остане ист и ќе атакува на истата цел, а тоа е место меѓу најдобрите четири во Лигата на шампионите.

Самсоненко е во РК Вардар од 2014 година, а тимот со него како инвеститор оствари големи успеси за македонскиот ракомет. Вардар има три учества на Ф4-турнирите, меѓу нив и она пред две години, кога се победија Барселона и ПСЖ и се крена европската круна.

ИЗВОР: ГОЛ.МК




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани