Значи, можело! - Големо зголемување на платите за да ги зачуваат работниците во Унгарија, Бугарија и Романија
  Објавено на
share

Големо зголемување на платите за да ги зачуваат работниците во Унгарија, Бугарија и Романија

Подготвил: Билјана Арсовска за Факултети.мк 

 Новите членки на Европската Унија во последните години се соочуваат со голем проблем - недостиг на работници. 

Милиони млади лица заминаа да работат во развиените земји од Унијата. Источниот блок остана без лекари, градежни работници, инженери... Поради масовното иселување, бројот на невработени таму падна на само три до четири отсто. 

Тие го решаваат проблемот така што им ги зголемуваат платите на вработените. Во прилог им оди и тоа што речиси сите земји од Средна и Југоисточна Европа имаат високи стапки на економски раст, од четири до пет отсто годишно. Во Унгарија, Полска, Чешка, Романија и во Бугарија платите напредуваат по стапки од 8 до 15 отсто годишно, покажуваат податоците од нивните национални статистички служби и извештаите на агенциите. 

Општ лекар во Романија заработува 1.960 евра

Просечната нето-плата во Романија на почетокот од годинава се зголеми на околу 620 евра, што е за околу 50 повеќе за разлика од пред две години. 

Само минатата година платите на медицинскиот кадар, наставниците и на професорите се зголемија за околу 30 отсто. 

Со оглед на тоа што се почувствува и недостиг на градежници, нивните плати на почетокот на оваа година се зголемија за 40 отсто благодарение на зголемувањето на минималната плата. 

Платите на вработените во романското јавно здравство се зголемија за дополнителни 70 отсто. Една медицинска сестра заработува најмалку 556 евра, додека некоја со малку повисоко образование најмалку 645 евра, а има и големи бонуси. 

Општите лекари земаат најмалку 1.960 евра. Поради прекувремените часови и работата во итната служба, лекарите можат месечно да заработат и двојно повеќе. Најдобро платените лекари примаат повеќе од 4.000 евра месечно. 
 
 
 
Унгарците им подаруваат 32.000 евра на жените

Сличен развој на настаните ги зафати и останатите средноевропски земји. Бруто-платите во Унгарија минатите две години се зголемуваа по 12 отсто. На почетокот од оваа година продолжија да напредуваат со темпо од 10 отсто, покажуваат државните статистики. На тоа треба да се додаде и дека секоја жена помлада од 40 години, со најмалку 3 години работен стаж, доби право на државен кредит од 32.000 евра за одгледување деца - пари кои нема да мора да се враќаат ако во фамилијата на жената има принови. 

Во Чешка бруто-платите веќе две години растат со стапка од околу 8 отсто, а во Полска од 7 отсто

Владата во Варшава поттикна скок на бруто-платите на Полјаците за 20 отсто во текот на изминатите две години. Просечната нето-плата во Полска сега изнесува околу 870 евра. Полските фамилии повеќе од три години од владата добиваат околу 115 евра месечно за секое дете по првороденото, сn4; до неговата полнолетност, што влијае на подобриот животен стандард и на наталитетот. 

Хрватите се загрижени

Хрватските медиуми се занимаваат со оваа тема. Тие стравуваат дека наскоро сите земји во ЕУ ќе бидат пред нив кога станува збор за месечната заработка. 

Просечната плата во Хрватска е околу 860 евра. Со тој личен приход Хрватска е на средината меѓу 11 нови членки на ЕУ од Источна Европа.

Меѓутоа, како што пишуваат медиумите од Загреб, ако продолжи сегашниот тренд, сите средноевропски земји за неколку години ќе ја надминат Хрватска според платите и животниот стандард. 

Колку за споредба, во поразвиените земји од Западна Европа минатата година платите се зголемиле за 2,6 отсто. Во Хрватска во текот на изминатите пет години платите номинално растат по стапка од околу 4 
отсто.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани