Џебен скенер за храна
  Објавено на
share

 ОВОЈ СКЕНЕР МОЖЕ ДА ГИ ДЕТЕКТИРА СИТЕ СОСТОЈКИ ВО ХРАНАТА ШТО ЈА ЈАДЕТЕ

 
Овој интересен гаџет ви кажува што има во вашата храна. Изгледа како мал USB стик, но врши многу побитна функција. Молекуларниот скенер наречен Scio е првиот молекуларен скенер што е доволно мал за да го носите со себе во џеб каде и да одите.
 
 
 
Скенерот ви ги прикажува сите хемиски состојки на секоја храна било да е тоа свежо овошје, зеленчук или некој оброк. Функционира на тој начин што рефлектира светлина од површината на храната, која потоа се апсорбира во спектрометар, ја анализира и веднаш ви испраќа информации до апликацијата на вашиот телефон.
 
 
Може да ја идентификува количината масти, калории и шеќер во храната, како и состојките на некои други предмети. Скенерот чини 299 долари и ќе ви открие многу повеќе од она што го гледаат нашите очи.
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани